Ливерпул го плати скоро сто милиони евра: Дарвин одново се посрамоти (ВИДЕО)

Дарвин Нуњез

Фановите на Ливерпул не се задоволни од настапите на Дарвин Нуњез во тековната сезона. Големото засилување во нападот, кое беше платено речиси сто милиони евра со бонусите, во неколку наврати се посрамоти и покажа дека можеби премиерлигашот направи грешка, што ги исплати тие пари за него.

Работите не функционираат најдобро за уругвајскиот напаѓач. Тој требаше да биде замена за Садио Мане, но формата која ја прикажува моментално му носи повеќе критики од пофалби. Последното видео кое се појави на социјалните мрежи донесе ново разочарување кај навивачите на „црвените“.

На тренинг за Уругвај, младиот голгетер испрати очаен удар, кој за малку не го погоди корнер знаменцето.