Ливерпул го пикира турскиот Меси, Клоп нуди 27 милиони фунти за Омур

Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул се наоѓа во пол-позиција да го доведе најголемиот талент на турскиот фудбал и член на Трабзонспор, Абдулкадир Омур.

Турскиот Меси според Клоп вреди 27 милиони фунти, а самиот фудбалер сака да игра на „Енфилд“.

„Ливерпул е еден од најдобрите клубови на светот. Ако клубот даде „зелено светло“, јас ќе преговарам со нив. Интересот на Трабзонспор има предност. Ќе направам што е во најдобар интерес на клубот. Во трката за титула сме и на добар пат да дојдеме до финалето на турскиот Куп“, рече Омур.

Плејмејкерот е врзан со договор до 2022 година и Турците сметаат дека цената која ја нудат Англичаните е премала.