ВИДЕО: Ливерпул го демолира ЛАСК за нокаут-рунда во ЛЕ, слави и Чаби Алонсо

Екипата на Баер Леверкузен продолжува со феноменалните партии под водство на Чаби Алонсо. „Фармацевтите“ славеа на гости кај Хакен (2-0) во Шведска и така како лидери во групата се пласираа во осминафиналето на Лига Европа.

Леверкузен го игра најдобриот фудбал можеби во Европа под водството на младиот тренер. Тимот забележа петта победа на петтиот натпревар, со тотална доминација во однос на ривалот. Бонифаче во 14. минута донесе предност за Леверкузен, а точка на победата стави Шик во вториот дел.

Доминантно победи и Ливерпул кој дома го надигра ЛАСК со 4-0. Диаз и Гакпо стрелаа во првиот дел, додека во вториот дел Салах и Гакпо со вториот гол ги однесоа „црвените“ директно во осминафиналната фаза во второто натпреварување на УЕФА.

Молде славеше во директната пресметка со Карабах (2-1) и во групата кадешто е Леверкузен лидер скокна на второто место и обезбеди 1/16-финале, додека Азербејџанците патуваат во Конференциската лига.

Славија Прага во драматичен финиш и пенал во 95. минута го победи Шериф Тираспол (3-2) и така ѝ избега на Рома, која, пак, одигра 1-1 против швајцарски Сервет. На останатите натпревари, Ренџерс забележа реми со Арис (1-1), Виљареал го победи Панатинаикос (3-2), а единствениот меч без голови беше на Тулуз и Унион СЖ.

Состави

Арне Слот

4-3-3

    Thomas Darazs

    3-4-1-2