• Мартин Танасковски
Актуелниот шампион на Англија, екипата на Ливерпул, продолжува со интензивна летна трансфер-активност, а најновото засилување доаѓа од Италија. Станува збор за талентираниот 18-годишен дефанзивец Џовани Леони, кој досега настапуваше за Парма, а веќе се наоѓа на пат кон „Енфилд“.
Како што пренесуваат етаблираните фудбалски инсајдери Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, Леони веднаш ја прифатил понудата од Ливерпул, без двоумење – чекор што е целосно разбирлив имајќи го предвид угледот и амбициите на клубот.
Преговорите меѓу двата клуба, според достапните информации, се завршени успешно. Парма ја процени вредноста на својот млад стопер на 35 милиони евра – износ што Ливерпул беше подготвен да го исплати за да го осигура неговиот потпис.
Претходно, Ливерпул ги обезбеди услугите на играчи како Флориан Вирц, Хуго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг, со што јасно се навестуваат сериозните амбиции на тимот за следната сезона – и на домашната сцена, и во Европа.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.






