Ливерпул доби конкуренција, ПСЖ исто така заинтересиран за Алкантара

Алкантара

Екипата на ПСЖ е последната која испратила конкретна понуда до Баерн Минхен за услугите на Тиаго Алкантара.

Францускиот првак наводно испратил 30 милиони за Бразилецот кој не планира да го продолжи договорот со Баварците. Неговите лични барања се превисоки за управата на клубот од „Алијанц Арена“.

Ливерпул беше најсериозен кандидат да соработува со 29-годишниот играч за врска. Јирген Клоп сака да го види во средниот ред на својот тим за наредната сезона.

Меѓутоа иста е намерата и на „принцевите“ кои ако го убедат ќе ја продолжат бразилската колонија во екипата. Сигурно дека нивната понуда ќе биде сериозно разгледана од претставниците на Алкантара.

Бразилскиот ас го привлече вниманието на јавноста со настапите во Барселона, од каде се пресели во Минхен пред седум години.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.