Ливерпул без двајца првотимци против незгодниот Кристал Палас

Како и по секоја репрезентативна пауза, така и по последната, екипата на Ливерпул се соочува со проблеми со повредени фудбалери. 

Тимот кој оваа сезона не знае за пораз во Премиер лигата в сабота го чека тежок дуел против секогаш незгодниот Кристал Палас, а за овој меч Јирген Клоп нема да може да смета на двајца првотимци. 

Првата ѕвезда на „црвените, Мохамед Салах“ сè уште ја влече повредата здобиена на дербито со Манчестер Сити и затоа не играше за Египет, додека надвор од стројот на германскиот менаџер ќе биде и левиот бек Ендру Робертсон.

Дуелот меѓу Кристал Палас и Ливерпул се игра на „Селхурст Парк“, в сабота со почеток од 16:00 часот. Ливерпул со 11 победи и едно реми е лидер на табелата во Премиер лигата, додека Кристал Палас е стациониран на 12. позиција.