• Зоран Мишевски

Елиминацијата од Лигата на шампионите остави сериозни траги кај Арне Слот и Ливерпул.
Холанѓанецот призна дека би бил „изненаден“ доколку Трент Александер-Арнолд биде подготвен за настап во финалето на ЕФЛ Купот во недела, но сепак, е поголем оптимист кога станува збор за повредата на Ибрахима Конате.
Двајцата дефанзивци се повредија синоќа во поразот на „црвените“ во реваншот од Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите во вторникот. Александер-Арнолд ја напушти играта во 73. минута, откако се покажа дека го изврте коленото, додека Конате не можеше да го заврши продолжението на Енфилд поради болки во мускулите.
Ливерпул сега може да остане без двајца стартни дефанзивци за натпреварот со Њукасл на Вембли и битката за прв трофеј сезонава.