Ливерпул без Алисон, но со еуфорија пречекан во таличниот Истанбул

Со помпа и еуфорија каква што доликува на европскиот првак, Ливерпул утрово допатува во за нив таличниот Истанбул. Пред Суперкупот на Европа и дуелот со уште еден премиерлигаш како во јуни во Мадрид, „црвените“ имаат фаворитска улога, многу подобра клима и неколку пати повеќе фанови зад себе.

Клоп не може да смета на повредениот Алисон, но го поведе со себе и Чембрлејн, кој не настапил на официјален натпревар од полуфиналето против Рома во Лигата на шампионите во сезоната 2017/18.

Германскиот стручњак и Египќанецот Мохамед Салах беа најфотографирани фаци во главниот град на Турција, а се предвидува дека неутралната публика повеќе ќе навива за Ливерпул, отколку за Челзи

Пред 13 години во Истанбул, но не на „Водафон Арена“, туку на „Кемал Ататурк“, Ливерпул изведе еден од најголемите пресврти во историјата на европските натпреварување и се врати од 0-3 против Милан да ја освои европската круна.