Ливерпул бара од Премиер лигата да ја преиспита примената на ВАР

Ливерпул ВАР

Дербито меѓу Евертон и Ливерпул донесе четири гола, но и неколку полемични моменти.

Голманот Џордан Пикфорд не заработи казна поради фаулот врз Ван Дајк поради одлука на ВАР-собата, а на крајот „црвените“ останаа без победа поради минимален офсајд во последната акција.

Тоа беше доволна причина за клубот да испрати писмо до Премиер лигата. Во истото побара да се преиспита примената на ВАР-технологијата, која понекогаш знае да го навлече гневот на екипите.

"Влегов во соблекувалната и луѓето ми рекоа дека ја гледаат комплетната ситуација и дека не им е јасно зошто беше досуден офсајд. Јас навистина сум поддржувач на ВАР, но исто така очекувам и правилни одлуки", изјави по мечот менаџерот Јирген Клоп.

Двете екипи од Ливерпул со ремито останаа на првите две места на табелата.