• Иван Димовски
Фудбалерите на Англија први стигнаа до гол во дербито на групата Л на Светското првенство против Хрватска со гол од белата точка на Хари Кејн.
По невнимателниот старт на Лука Модриќ врз Нони Мадуеке судијата Клемен Турпан без размислување покажа на белата точка. Првиот обид на Кејн беше одбранет од страна на голманот Доминик Ливаковиќ, ама ВАР сугерираше неправилност и пеналот беше повторен.
Во вториот обид Кејн беше сигурен, го испрати Ливаковиќ во едната, а топката во другата страна за 1-0 во 12. минута.






