• Горан Упале

Екипата на Горица, која што е предводена од македонскиот стратег Игор Ангеловски забележа нов пораз во хрватскиот шампион.
На „Пољуд“ Хајдук славеше со сигурни 3-1 (1-1), а најдобар поединец на теренот беше Марко Ливаја, кој беше творец на два гола. 29-годишниот напаѓач во самиот финиш имаше голема шанса да запише хет-трик, и се реши со „паненка“ да го дотолчи противникот. Но, се посрамоти, бидејќи неговиот удар од единаесет метри заврши над голот на Горица.
- Промашената „паненка“ на фудбалерот на Хајдук:
Livaja pic.twitter.com/YuYc3HGlxj
— Everything About HNL (@AboutHnl) October 26, 2022
Горица е последна на табелата со само шест бода (една победа и три реми исходи), додека Хајдук е во позитивна серија од пет натпревари без пораз.