• Мартин Танасковски

Екипата на Хајдук Сплит продолжи да игра перфектено по тренерската смена. „Билите“ врзаа четири победи во серија, а последнатај ја извојуваа во големото хрватско дерби против Динамо Загреб (0-2).
Гостинот победи на „Максимир“ и го стави Динамо Загреб во некомотна ситуација. Актуелниот првак сега е на четвртото место и го чека голема битка за да дојде на тој трон до крајот на сезоната, затоа што горе покрај Хајдук се наоѓаат и Ријека и Осијек.
- Извештај од натпреварот:
Првиот погодок на натпреварот во ХНЛ-лигата падна во 60. минута. Елез го проигра искусниот Марко Ливаја, а тој ја смести топката во мрежата на Ливаковиќ. Кога сите чекаа крај, во мрежата на противникот топката ја смести поранешниот играч на Работнички, Емир Сахити, за конечни 0-2.
На овој меч играа тројца Македонци. Во дресот на Динамо стартер беше капитенот Аријан Адеми, а Стефан Ристовски влезе од клупата на стартот на второто полувреме, додека кај Хајдук Сплит од првата минута тргна Јани Атанасов и беше заменет во 81. минута.