ВИДЕО: Спектакуларен гол од „мртов агол“ на Ливаја, но Хајдук и Атанасов загубија од Осијек

По ремито со Локомотива на отворањето на новата сезона на хрватскиот фудбал, фудбалерите на Хајдук одново ги разочараа своите фанови, затоа што го запишаа и првиот пораз.

На свој терен, поранешниот хрватски шампион се „лизна“ против Осијек, кој па потврдува дека е одлична форма и по победата над Шибеник (3-0), додаде нови три бода на своето конто.

Првиот дел во Сплит не најавуваше атрактивен и ефикасен натпревар, затоа што двете екипи тактизираа и не преземаа поголем ризик, но затоа во вториот следуваше отворен фудбал и три гола. Резултатот го отвори Хајдук, откако Ливаја даде неверојатен погодок од „мртов агол“, но Јурчевиќ и Пиљ ги шокираа домаќините за пресврт-победа на Осијек.

Македонскиот напаѓач Атанасов шанса за докажување доби во самиот финиш и ги одигра последните 12 минути од натпреварот.