ВИДЕО: „Лисиците“ го совладаа Арсенал и скокнаа до второто место во ПЛ

Првото големо дерби од 12. коло на Премиер лигата им припадна на фудбалерите на Лестер Сити, кои на „Кинг Пауер“ го совладаа Арсенал со 2-0 (0-0) со одлично второ полувреме и две супер реакции на напаѓачите.

  • Извештај од натпреварот: 

Одлуката околу победникот падна во интервал од само седум минути во централната фаза од вториот дел. Најнапред, во 68. минута Џејми Варди излезе сам пред Лено и во манир на расен стрелец го матира (1-0). Само седум минути подоцна младиот Морисон на ефектен начин по вторпат го матира голманот на „топџиите“ за финални 2-0.

Пред овие луди седум минути на „лисиците“, се играше тврдо и без шанси и се чинеше дека натпреварот е предодреден да заврши без голови. Сепак, момците на Брендан Роџерс покажаа дека знаат да постигнуваат голови и да победуваат и во тврди натпревари. 

Со овие три бода Лестер Сити го прескокна шампионот Манчестер Сити и заедно со Челзи застана на делба на второто место на табелата.

Второто големо дерби утре попладне го играат Ливерпул и Манчестер Сити на „Енфилд“.

Состави

Brendan Rodgers

4-1-4-1

    Unai Emery

    4-3-1-2