• Иван Димовски

Натпреварот меѓу Победа и Шкендија Арачиново понуди голема драма, но по крајот на спортските активности. Двете страни имаат свои верзии на приказната, а скандалот се случи по повлекувањето на гостите во соблекувалната.
Еден навивач на Победа го скрши импровизираниот прозорец, ама пред да настане вистински хаос беше со играчите на противничкиот тим беше спречен од страна на полициски службеник. Во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи се открива дека прилепчанецот е приведен.
„На 01.11.2025 во 15:30 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.З.(33) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со оштетување и уништување инвентар и други делови од спортскиот објект. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава“, објави МВР во билтенот.
Според најавеното, против навивачот на Победа ќе се отвори соодветна постапка и пријава. Тој е уапсен за нарушување на јавниот ред и мир и уништување на инвентар во спортски објект.



