• Саше Љолес
Аргентинецот Лисандро Мартинез би можел да ја заврши својата авантура на „Олд Трафорд“, откако неговите јавни критики кон клупското раководство предизвикале сериозни сомнежи кај челниците на Манчестер Јунајтед за евентуално продолжување на соработката.
Според информациите од Англија, аргентинскиот дефанзивец би можел да остане без нов договор, а актуелниот му истекува следното лето. Иако во изминатите сезони беше еден од позначајните фудбалери во тимот, неговата иднина сега е неизвесна.
Во меѓувреме, Јунајтед разгледува и потенцијални засилувања. Меѓу имињата што се споменуваат е 20-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, Базумана Туре, за кого интерес покажува и Арсенал.
Неизвесност има и околу Џејдон Санчо, кој би можел да ја продолжи кариерата во Хетафе. Шпанскиот клуб ја разгледува можноста да го ангажира без обесштетување, но неговата висока плата засега претставува најголема пречка за реализација на трансферот.
Промени би можеле да има и на тренерската позиција. Доколку раководството одлучи да ја прекине соработката со Мајкл Керик, меѓу потенцијалните кандидати за негов наследник се споменуваат Фабијан Хирцелер, Антонио Конте и Јулијан Нагелсман.
Засега нема официјална потврда за иднината на Лисандро Мартинез, но истекувањето на неговиот договор го става Манчестер Јунајтед пред важна одлука. Начинот на кој ќе се реши ова прашање би можел да влијае и врз плановите за реконструкција на одбраната на англискиот гигант.

