Лионел Меси не менува клуб, Интер Мајами му спремна нов договор

Интер Мајами е на прагот да ја продолжи соработката со Лионел Меси, пренесуваат американските медиуми. Аргентинецот е среќен во Флорида, а планот е да остане во МЛС уште една година.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња моментално е под договор до крајот на оваа година, но управата на Интер нема намера да се откаже од својата „златна кокошка“. Со тоа подготвија договор со кој Меси би останал во клубот до декември 2026 година.

Сè уште не се познати деталите од договорот, но нема сомнеж дека продолжувањето на соработката ќе биде под подобрени услови за 37-годишниот аргентински ас, за кого ова најверојатно ќе биде последен клуб во кариерата. 

Меси е во Интер Мајами од 2023 година, и досега има одиграно 29 натпревари со 24 постигнати гола.