• Иван Димовски
Со освојувањето на уште една Копа Америка со Аргентина, најголемата ѕвезда на оваа селекција Лионел Меси уште повеќе ја продлабочи својата легенда.
Трофејот на Копа Америка беше 45-ти во кариерата на славниот Аргентинец. Тој е најтрофеен играч во историјата на фудбалот, а сега има два трофеи повеќе од првиот следач на „вечната“ листа. Иако до неодамна немаше ниту една интернационална титула, од 2021 година наваму Меси освои две на првенството на Јужна Америка, ја освои Финалисима (натпревар меѓу првакот на Европа и Јужна Америка), како и Мундијалот во Катар.
Зад Меси на листата е Дани Алвес со 43 трофеи, па следи Иниеста (39), Максвел (37), Гигс (36), а потоа местото го делат Кристијано Роналдо и Кенет Даглиш со по 35 титули.