Лионел Меси е најкорисниот фудбалер во американската МЛС лига

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси, ја доби наградата за најкорисен играч во американската МЛС лига и тој официјално е МВП за минатата сезона. 

„Малиот генијалец“ ја заврши етапата со вкупно 21 гол на вкупно 22 одиграни средби и сосема заслужено го добива признанието, но неговиот Интер Мајами доживеа рана елиминација во плеј-офот и не ја зацрта посакуваната цел.

Меси на своето конто има и 11 асистенции, а воедно беше и убедливо најдобар разигрувач на тимот со најмногу прецизни додавања. Поголем број на индексни поени има само Бразилецот Габриел Пец од Лос Анџелес Галакси, кој придонел за вкупно 34 погодоци на својот тим, но има полош скор од Меси во регуларниот дел од сезоната.