ВИДЕО: Лион за само три минути направи пресврт и заслужено победи кај Бордо

Фудбалерите на Лион запишаа три бода од гостувањето на „Матмут Атлантик“ кај Бордо со победата од 1-2, во рамките на 20. коло од француската Лига 1. Домаќините рано поведоа, но гостите заслужено за само три минути го свртеа резултатот. Лион доминираше на теренот и со триумф ќе ги дочека двата меча од куповите на Франција

  • Извештај од натпреварот: 

По мирниот старт на дуелот, практично од првата шанса Бордо поведе преку напаѓачит Брианд. Напаѓачот го искористи лошото додавање меѓу стоперите на Лион и лесно реализираше за предност на својата екипа уште во 15. минута. 

Лион по примениот гол, доминираше во сите сегменти од играта, но не успеа до полувремето да израмнат. Гостите имаа неколку шанси преку Дембеле, Корне и Траоре, но мрежата на Костил остана да мирува. 

Веднаш по паузата гостите тргнаа по израмнување. Корне и Дембеле погодија и си асистираа меѓусебе во 50. и 53. минута за комплетирање на целта и целосен пресврт. Иако поведоа, играчите на Лион не застанаа и продолжија со закананите. 

Домашната екипа се бранеше до крајот на средбата и чекаше на контра напади или прекини. Трпението делумно се исплатеше, бидејќи во 85. минута Кошелни погоди за израмнување, но голот беше поништен поради офсајд, па Лион дојде до победата.

Состави

Paulo Sousa

3-4-3

    Rudi Garcia

    4-1-2-3