ВИДЕО: Лион во надополнувањето го прескокна Бордо и се врати на врвот

Лион успеа да се врати на врвот на Лига 1 со денешниот домашен триумф против Бордо (2-1) во 22. коло. 

Мечот беше рамноправен, двете екипи имаа свои шанси, но на крај домаќинот имаше повеќе сили во завршните моменти. Лион поведе во првиот дел преку Токо Екамби. Камерунскиот фудбалер се снајде одлично и биеше прецизно пред самата пауза.

  • Извештај од натпреварот: 

По десет минути во продолжението, гостите се вратија во игра. Прекрасна завршница запиша Калу кој биеше под пречката и донесе неизвесна завршница.

Кога се очекуваше крај, на сцена стапи Дубоа. Дефанзивецот на домашниот тим постигна победнички погодок длабоко во надополнувањето. Од овој шок Бордо немаше време да се опорави, па си замина дома со празни раце.

Лион одново е на врвот на табелата и сега ќе ги очекува резултатите на ПСЖ и Лил. Бордо запиша прв пораз во домашното првенство по четири меча пауза.