ВИДЕО: Лион со пресврт го совлада Рен во Лига 1

Фудбалерите на Лион со пресврт го совладаа Рен на својот „Олимпик Парк“ со 3-1 (0-1), во рамките на 30. коло на француската Лига 1. 

Гостинската екипа успеа рано да поведе во оваа пресметка, откако во 11. минута Амин Гуири го отвори резултатот на 0-1 по асистенција од Калимуендо. Рен може да жали, во првиот дел имаше шанса и двојно ва поведее, меѓутоа Бурижо промаши колосална шанса кога требаше само да ја втурне топката во мрежата. 

Лион долго се мачеше, но чекаше на гол еден час. Корентин Толисо донесе израмнување во 60. минута, додека само осум подоцна Александер Лаказет го комплетира пресвртот на домашните. Пред завршницата, Барцола успеа и третпат да го матира противничкиот голман, па ги постави конечните 3-1 во 79. минута. 

Со овие три бода Лион пријде на пет дефицит од местата кои водат во Европа.

Состави

Жереми Бреше

3-4-3

    Bruno Genesio

    5-4-1