ВИДЕО: Лион со гол во финишот го скрши отпорот на Рен

Фудбалерите на Лион славеа минимална победа на гостински терен против Рен со 0-1 и се доближија на само еден бод од втората позиција, која носи директен пласман во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Гостинските фудбалери имаа комплетна доминација во текот на целиот меч, а победникот го решија со погодок во самиот финиш. Се играше 86. минута кога Марти Териер jа искористи асистенцијата од Лео Дубуа и го постигна погодот за важни три бода.

Следен предизвик за тимот на Лион е полуфиналето од Купот на Франција, а за противник повторно ќе го имаат тимот на Рен.