• Горан Упале

Екипата на Лион во клучен момент им се врати на победите во домашниот шампионат и со минимални 1-2 (1-2) славеше на гостувањето кај Стразбур.
Фудбалерите на Лион, по поразот во големото дерби со Олимпик Марсеј, во вечерашниот натпревар влегоа со голем мотив за враќање на позитивната атмосфера, но тоа не им тргна баш најуспешно. Во 15. минута Сансон го шокираше големиот фаворит и погоди за водство на Стразбур од 1-0.
Но, до крајот на полувремето момците на Лоран Блан успеаја да се консолидираат и за само четири минути постигнаа два гола и на полувреме заминаа со предност од 1-2.
На 1-1 израмни Лукеба во 32. минута, додека за 1-2 се потруди Максенс Какере.
За разлика од првиот дел, во продолжението темпото на игра спласна, Лион искусно го чуваше водството и не му дозволи на домаќинот посериозно да се закани, па така бодовите заслужено заминаа за централна Франција.
Со оваа победа Лион го задржа чекорот за пласман на меѓународна сцена, додека Стразбург ја продолжува битката за опстанок.