ВИДЕО: Лион се врати од 2-0 во лудото реми со шест гола кај Лил

Екипите на Лил и Лион одиграа лудо реми (3-3), во првата средба на 27. коло на француската Лига 1. Средбата на „Пјер Мороу“ немаше погодоци во првото полувреме, но затоа во продолжението понуди ревија погодоци. Лил може да жали бидејќи имаше двојна предност, меѓутоа ја испушти и гостите дојдоа до бод во дербито. 

  • Извештај од натпреварот:

Првиот дел не понуди речиси никакви возбудувања, освен единствената шанса на Барцола за Лион, чиј удар го скроти голманот Чевалие. Тимовите играа на средината од теренот и беа премногу резервирани, што беше разочарување за ова дерби. 

Сепак, Лил и Лион целосно се оддолжија во продолжението на мечот. Џонатан Дејвид постигна хет-трик, постигна прво два гола за двојна предност, пред Барцола да намали на 2-1. Потоа во 79. минута Канаѓанецот го реализира и вториот пенал кој го доби Лил (3-1). Сепак, во последните десет минути Александер Лаказет беше џокер на Лион и со два погодоци дојде до израмнување. 

Со оваа реми Лил има 46 бода на шестото место, додека Лион е две позиции подолу со шест бода помалку.