ВИДЕО: Лион се спасуваше во финишот, Кадевере го растажи Ремс

Лион

Лион важеше за голем фаворит, но на крај се спасуваше против Ремс (1-1) во воведот на 29 коло во француска Лига 1.

Домаќинот долго време водеше и се чинеше дека ќе направи изненадување. Но, упорниот гостин се избори за големо реми, со кое ги сочува шансите во борбата за титула.

Кафаро со одлична завршница погоди под пречката и ги израдува домашните фудбалери. Тие имаа минимална залиха, која им беше доволна до крајот да се одлучат да играат дефанзивна тактика.

Малку требаше таа да им се исплати. На сцена во завршницата стапи Кадевере, кој одлично го пратеше центаршутот на Депај и го постави конечниот резултат.

  • Извештај од натпреварот: 

Сега Лион е третопласиран со исто бодови и натпревар повеќе од ПСЖ. Четвртото реми во последните пет меча за Ремс не донесе промена на табелата.