ВИДЕО: Лион се разбуди во вториот дел и го „разби“ Лориент

По победата во големото дерби со Монако (2-30), фудбалерите на Лион повторно одиграа моќен натпревар во Лига 1 и останаа во живот за местата кои идната сезона водат кон Лигата на шампионите. 

Поранешниот француски шампион по неубедливото прво полувреме, во кое немаа решение за гостинската одбрана, во второто го наполнија голот на Лориент и извојуваа заслужена победа од 4-1.

На самиот старт на вторите 45. минути Оуар го „скрши мразот“ и ја најави убедливата победа на Лион, а веднаш потоа погоди и Пакета, за сигурни 2-0 за Лион. Но, тоа не беше сè од репертоарот на домаќинот, затоа што до крајот на натпреварот Бруно двапати ја стресе противничката мрежа и стави точка на одличната игра на својот тим, додека конечните 4-1 ги постави Монкодуит во 83. минута од натпревар.

Од денешната програма на Лига 1 важна победа во борбата за опстанок извојува и тимот на Нант, кој на свој терен со убедливи 3-0 славеше над Бордо.

  • Нант - Бордо 3-0: