• Зоран Мишевски
Еден од најдобрите играчи на Европското првенстов, Ѓоргес Микaутадѕе и официјално е нов играч на Лион. Синоќа францускиот тим го потврди трансферот и Грузиецот позираше во својот нов дрес.
Клубот и напаѓачот потпишаа четиригодишен договор. Договорот го чини клубот од Лион 18,5 милиони евра, плус 4,5 милиони можни бонуси.
Микаутадѕе втората половина од минатата сезона ја мина во Мец, клуб кој испадна од Лига 1.
23-годишниот напаѓач на европскиот шампионат со три гола се најде меѓу најдобрите стрелци на шампионатот.