• Горан Упале
Натпреварот од третото коло на француската Лига 1 меѓу Олимпик Лион и Стразбур ќе се памети долго, а главен херој во приказната е нигерискиот напаѓач со интересното име Гифт Орбан. Тој вечерва влезе во срцата на француските навивачи и беше најзаслужен за големиот пресврт на неговиот тим.
На крај Лион славеше херојска победа од 4-3, иако на половина час пред крајот имаше негатива од два гола и губеше со 1-3. Откако на стартот на вториот дел гостите од Стразбур постигнаа два брзи гола и поведоа со два гола предност, некогашниот ас на Арсенал, Мејтланд-Најлс со својот прв овосезонски гол го врати Лион во игра, а потоа на сцена стапи 22-годишниот Нигериец.
Орбан во 63. минута стрелаше за 3-3, а на дваесет минути до крајот на средбата со вториот вечерашен погодок го комплетира пресвртот и на Лион му донесе огромна победа од 4-3.
- Извештај од натпреварот:
Така, по двата порази на во првите две кола Лион го забележа првиот овосезонски триумф во Лига 1, додека Стразбур го впиша првиот пораз.