• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Олимпик Лион го победија Лориен со 2-0 во последниот натпревар од 29. коло на француската Лига 1. Така, по девет натпревари без успех во сите натпреварувања, Лион конечно забележа победа. Лориен, пак, е во серија од три натпревари без триумф.
Прилично изедначено беше на двете страни од теренот во првото полувреме, па така немаше и голови. Во второто полувреме, Лион поведе во 49. минута, откако Јаремчук го искористи додавањето на Ендрик и со глава ја смести топката во голот. Не помина долго, а домашните го зголемија водството. Во 56. минута од натпреварот, Толисо исто така постигна гол со глава за финални 2-0.
- Лион - Лориен 2-0:
По овој натпревар, Лион е петти со 51 бод, еден помалку од Олимпик Марсеј, додека Лориен е деветти со 38 бода.
- Тулуз - Лил 0-4:
Попладнево уште Ница и Авр играа 1-1, а Лил славеше во Тулуз со 0-4.







