ВИДЕО: Лион падна на пенали, ПСЖ ја грабна тројната круна во Франција

Томас Тухел влезе во историјата на ПСЖ и им се приклучи на Блан, Анчелоти и Емери со тројна круна во францускиот фудбал. Вечерва во Париз, во финалето на Лига Купот, ПСЖ по изведувањето на пенали го совлада Лион со 6-5, откако немаше голови во 120 интензивни минути.

  • Извештај од натпреварот: 

По освојувањето на Лига 1 и Купот на Франција, „светците“ го освоија и третиот домашен трофеј и им недостига само уште Лигата на шампионите за перфектна сезона. Сепак, вечерашната победа беше извојувана потешко од предвиденото и скапо е платена со повредите на Икарди и Курзава.

Лион од самиот почеток се покажа како жилав ривал. Физички цврстиот состав на Руди Гарсија целосно ги неутрализира ѕвездите на ПСЖ, а во првиот дел ја имаше и најзрелата шанса преку Токо-Екамби. Индивидуалните потези на Нејмар и Ди Марија не донесоа отворање на резултатот. Убава можност за триумф имаше Нејмар, кој биеше со глава во 85. минута, но Лопес со чудесна парада ја исфрли топката во корнер.

Во екстра-времето Лион остана со човек помалку по исклучувањето на Рафаел во 119. минута. Победникот мораше да го дадат казнени удари, каде Кејлор Навас и Лопес беа во улога на јунаци. Првите пет изведувачи од двете страни реализираа, а во шестата, Кејлор Навас го одбрани ударот на Траоре и Сарабија ја донесе победата и трофејот.