Лион не најде рецепт да го победи ниту Нант во Лига 1

Фудбалерите на Лион продолжуваат со лошите игри и вечерва пред својата публика го впишаа третото реми во низа во домашниот шампионат, откако со голем бод од „Олимпик Парк“ си замина тимот на Нант (1-1).

Стартот на средбата во Лион донесе неочекуван шок за домашните фанови, откако Лукеба несреќно ја затресе сопствената мрежа и Нант повеќе со 0-1, по само две минути игра. Сепак, радоста на гостите не траеше долго, бидејќи во 24. минута првата ѕвезда на домаќините, Александар Лаказет, на додавање на Баркола, стрелаше за 1-1. 

Искусниот напаѓач, кој по својата не така успешна ера во премиерлигашот Арсенал се врати во татковината, во самата завршница од полувремето имаше колосална шанса за втор погодок, но Лафонт со „пантерска“ одбрана го сочува својот гол.

Во вториот дел Лион имаше иницијатива и посед на топка, но не го искористи тоа и Нант за дома се врати со голем бод.

Состави

Laurent Blanc

4-3-3

    Pierre Aristouy

    5-3-2