ВИДЕО: Лион не го искористи киксот на Лил, одигра реми во дербито со Марсеј

Фудбалерите на Лион не успеаа да го материјализираат киксот на Лил и одиграа реми од 1-1 против Олимпик Марсеј на „Велодром“. Иако рано поведоа преку Екамби, Аркадиуш Милик од белата точка донесе израмнување. Во вториот дел Лион остана со десетмина, па немаше сили да стигне до трите бода. 

  • Извештај од натпреварот: 

Гостите тргнаа офанзивно, а тоа резултира со погодок на Карл Тото-Екамби во 21. минута. Напаѓачот на Лион реализира по асистенција на Пакета за предност од 0-1. Иако играа добро, до полувремето Аркадиуш Милик донесе израмнување за Марсеј, откако го реализира казнениот удар во 44. минута. 

Во второто полувреме, црвен картон заработи Лукас Пакета, па Лион остана со десетмина на теренот. Тоа не ги спречи пак да се обидуваат да се вратат во предност, а Депај еднаш ја стресе мрежата, но имаше офсајд. 

На крајот, Лион мораше да се задоволи со бод со кој остана трет зад ПСЖ кој има еден и Лил кој има три повеќе. Марсеј пак се наоѓа на седмата позиција со 39 бодови на своето конто.