• Горан Упале
Пред неколку дена, фудбалската јавност беше шокирана од веста дека францускиот гигант Лион, може да биде исфрлен во Лига 2.
По оваа одлука на Француската фудбалска федерација, реагираше УЕФА. Прво го исклучи Лион од Лига Европа, но на крајот сепак го остави со образложение дека долговите се поврзани со француското првенство и немаат никаква врска со меѓународното натпреварување.
Сепак, во француските медиуми се појави информација дека Лион сепак може да избегне испаѓање на пониско ниво, или поточно исклучување, но под еден услов. За да остане во Лига 1, Лион ќе мора да најде 200 милиони евра.
Половина од гореспоменатите пари, поточно сто милиони евра, мора да бидат на сметката на клубот и транспарентно да бидат презентирани. Останатите сто милиони мора да се соберат до крајот на сезоната, преку приходи како што се награди поврзани со натпревари и трансфери на играчи.
Лион се надева дека оваа спасувачка линија ќе биде успешна. Ова ќе го принуди клубот да ги продаде своите најдобри играчи ова лето за да ги собере посакуваните средства.









