• Мартин Танасковски

Екипата на Лион со домашна победа над Ленс (2-1) направи чекор кон едно од местата кои водат во еврокуповите во Лига 1 следната сезона.
Ленс беше хит на францускиот фудбал како најблизок следбеник на ПСЖ, но по четири кола без победа, работите се променија. Некогашниот освојувач на Купот е во слободен пад и полека почнува да го губи чекорот со ривалите за еврокуповите.
Првиот дел понуди два гола, по еден во двете мрежи. Лаказет донесе предност за Лион, а веднаш потоа Мачадо израмни на 1-1. Во вториот дел, џокерот на „лавовите“ беше Черки, кој во 64. минута ги постави конечните 2-1.
- Извештај од натпреварот:
Ова беше десетта победа за Лион сезонава. Ленс го доживеа третиот пораз, а зад себе во четири кола има две нерешени и два порази.