ВИДЕО: Лион го отпиша Монако за влез во ЛШ и си отвори свој пат за Европа!

Фудбалерите на Лион го победија Монако со 3-1 во дербито од 36. коло на Лига 1. Овие три бода ги носат домаќините кон врвот, а видно ги успоруваат гостите од кнежевството.

Поминаа само две минути од почетокот на натпреварот, а Висам Бен Једер го доведе Монако во водство (0-1). Навивачите на Лион чекаа на израмнување до 38. минута, кога најдобриот стрелец на тимот на Блан, Александре Лаказет го израмни резултатот. Максенс Какере го доведе Лион во водство во 57. минута, а Роман Шерки ја потврди победата во 78. минута.

По оваа победа Лион дојде до 59 бода и до крајот на првенството ќе има шанса да се бори за настап во Европа следната сезона. Од друга страна, Монако со овој пораз ги загуби сите шанси за директен пласман во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот: 

Во следното коло Лион му гостува на Ремс, а Монако ќе го пречека Рен.

Состави

Laurent Blanc

4-2-3-1

    Ади Хутер

    4-2-3-1