ВИДЕО: Лион гази сè пред себе во февруари, четврти натпревар и четврта победа во Лига 1

Прашање на време беше кога Лион ќе започне да победува. Славниот француски клуб долго време беше при самото дно во Лига 1, тимот промени три тренери, но дури во февруари заличи на себе и вечерва ја впиша четвртата победа во низа во домашниот шампионат.

Во првиот натпревар од 23. коло во шампионатот на Франција фудбалерите на Лион го преживеаја незгодното гостување кај Мец и по пресврт извојува значајна победа од 1-2.

  • Извештај од натпреварот:

Домашниот тим преку Микаутадѕе поведе со 1-0 во 13. минута, а пред самиот крај на полувремето на сцена стапи искусниот Лаказет и со својот единаесетти овосезонски погодок донесе израмнување на 1-1.

На стартот од второто полувреме Пјер Саж го повлече вистинскиот потег и во игра во внесе зимското засилување Бенрама. Некогашниот ас на Вест Хем по само петнаесет минути игра ја оправда довербата и со голот-првенец во новиот дрес донесе победа за Лион од 1-2.

Со вечерашните три бода Лион направи нов скок на табелата и сега е на десеттото место со 28 бода, додека Мец остана во црвената зона со 17 бода.

Состави

Laszlo Boloni

4-4-2

    Pierre Sage

    4-3-3