ВИДЕО: Лион едвај до бод во Ленс, збрка на врвот во Лига 1

Завршницата на францускиот шампионат ќе биде супер-неизвесна и повеќе екипи се вклучени во битката за освојување на титулата, но и за местата кои водат во Лигата на шампионите. Лион не успеа да го искористи киксот на ПСЖ и да се доближи до врвот. Екипата на Руди Гарсија одигра само 1-1 во Ленс, па дури и се спасуваше од пораз.

  • Извештај од натпреварот: 

Со голот на Клаус во 65. минута „жолто-црвените“ ја искористија подобрата игра од првиот дел и го отворија резултатот. Лион играше збркано, фудбалерите делуваа нервозно и само еден индивидуален потег на Бразилецот Пакета ги спаси од пораз. Поранешниот фудбалер на Милан погоди за израмнување во 81. минута.

Гостите натпреварот го доиграа со човек помалку, по исклучувањето на Слимани во судиското надополнување. 

На седум кола до крајот на Лига 1, Лион падна на четвртото место со 61 бода, пет помалку од новиот лидер Лил, три зад ПСЖ и само еден бод заостанување зад третопласираниот Монако