• Иван Димовски
Фудбалерите на Рен со пресврт во финишот го совладаа Лион (3-1)во дерби пресметка од четвртото коло на француската Лига 1. Средбата на „Роажон Парк“ понуди три погодоци, а на крајот домашните можат да бидат задоволни бидејќи долго беа во негатива и на крајот дадоа три погодоци.
Резултатот го отвори Корентин Толисо кој во 14. минута од средбата погоди за 0-1 по асистенција од Меитланд Најлс. Лион успеваше да се одржи во позитива, па водеше и на паузата меѓу двете полувремиња.
Во вториот дел по серијата измени директен црвен картон заработи Тајлер Мортон, па Рен имаше бројчана предностт на теренот. Само четири минути по исклучувањето домашните успеаја да го искористи тоа и со голот на Ентони Роаул стигна до израмнување.
Во судиското продолжение Рен го комплетира и пресвртот со голот на Мохамед Меите кој стрела за 2-1 во 93. минута. Истиот фудбалер и две минути подоцна реализира за конечните 3-1.

