ВИДЕО: Лион без проблеми се справи со „фенерџијата“ Анжер

Фудбалерите на Лион забележаа рутинска победа на гостувањето кај Анжер во првиот денешен натпревар од 25. коло во Лига 1 (1-3).

  • Извештај од натпреварот:

Головите за поранешниот француски шампион ги постигнаа Тиаго Мендеш во 38. минута, резервистот Амин Сар во 80. минута и Баркола во втората минута од судиското надополнување. Утешниот гол за домаќините беше дело на Абдала Сима, позајмен играч на Брајтон, кој погоди во 87. минута.

Така Лион се врати на победничките патеки по неочекуваниот пораз од Оксер во претходното коло. Тимот на Блан оментално е на осмата позиција на табелата со 38 бода, додека Анжер е последен со само десет бода.

Во следното коло Лион игра против Лориен, додека Анже ќе гостува кај Монпелје.

Состави

Alexandre Dujeux

4-4-2

    Жереми Бреше

    4-3-1-2