ВИДЕО: Лион беше надигран, но освои три бода на „Рејмонд-Копа“

Лион

Лион имаше многу среќа и запиша три бода на гостувањето кај Анжер (0-1), иако домаќинот имаше повеќе од играта и шансите.

Фудбалерите предводени од Руди Гарсија скокнаа на втората позиција и сега стојат на четири бода од лидерот ПСЖ. На денешната средба еден момент во второто полувреме донесе гостинска победа.

Одбраната на домашната екиопа не се снајде најдобро во 80. минута, кога Кадевере го постави конечниот резултат. Во големата гужва напаѓачот од Зимбабве имаше време да ја застане топката на гради, а потоа да упати прецизен удар на земја и да го одлучи натпреварот.

До тој момент Анжер упати повеќе удари и креира голем број шанси. На крај ефикасноста на домашните фудбалери ги чинеше негативен резултат.

Екипата на Лион заедно со Монако и Монпелје се најголеми конкуренти на ПСЖ на стартот од новата сезона во Лига 1.