Лингард: Не ја искористивме доминацијата на почетокот од мечот!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се надеваа на ново чудо во Лигата на шампионите, но наидоа на расположен Лионел Меси и по вторпат ја почуствуваа горчината на поразот од Барселона.

>>> ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Меси диригент, Барса доминантно преку Манчестер до полуфинале на ЛШ!

По натпреварот Џеси Лингард истакна дека неговите соиграчи не ги искористија шансите на почетокот на мечот, а во продолжение Барса сурово ги казни нивните грешки.

„Не можете да си дозволите да правите грешки во оваа фаза, особено против ривал каков што е Барселона. Доминиравме во првите десетина  и можеше да биде поинаку ако успеевме да реализираме. Меси е еден од најдобрите играчи во светот и тоа го покажа и на вечерашниот натпревар. Сè што можеме да направиме сега е да продолжиме понатаму и да се бориме за нов настап во Лигата на шампионите“, изјави Лингард.

Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на шестото место во Премиер лигата и до крајот ќе води грчевита битка за нов пласман во Лигата на шампионите.