• Мартин Танасковски
Ардиан Лимани беше човек на одлука во победата на Шкендија над Македонија ЃП (1-0) во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). По мечот, играчот на тетовчани направи анализа и кажа дека новиот систем на игра му одговара на овој тим.
„И поради фактот дека игравме со нов систем, мислам дека го покажавме најдобриот меч оваа сезона во првенството затоа што во напад бевме доста офанзивни, но и го затворивме противникот во одбрана. Треба да продолжиме во овој ритам. Ми се допаѓа овој нов систем на игра. Најважно е тимот да оди напред и да победуваме“, изјави Лимани.
Тетовчани по седум одиграни меча се први на табелата во ПМФЛ.