Лимани: Домашниот терен и притисокот не треба да влијаат врз нас во дербито

Фудбалерите на Шкендија му гостуваат на Шкупи во меч од 17. коло од Првата македонска лига. Натпреварите на овие две екипи во минатите години добија епитет на големо дерби, ривалството се зголеми, а имаше и некои немили сцени. 

Во пресрет на гостувањето во Скопје, најава за натпреварот даде Ардиан Лимани, кој кажа:

„Израмнети сме бодовно со Шкупи, па ова ќе биде големо дерби. Квалитетот на двата тима е висок, па очекувам компетитивен натпревар. Одиме со цел да освоиме три бода во Скопје. 

Во тимот имаме искусни играчи кои играле големи натпревари пред бројна публика, не треба да влијае на нас предноста на домашниот терен на Шкупи. Нашата задача е на тревникот и мора да изменаџираме без да потпаднеме под притисокот. Се надевам дека ќе извлечеме посакуван епилог“.

Во пресрет на натпрарот, кој се игра на „Чаир“, Шкупи и Шкендија по 16 кола имаат 32 бода на врвот на првенствената табела, но и по натпревар повеќе од третопласираната Струга, која има 30 бода.