ВИДЕО: „Лилјаците“ го слават Столе, со чудесна одбрана во 92. минута спаси пораз од Расинг! 

Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните што Валенсија избегна пораз од Расинг Сантандер во натпреварот кој заврши 2-2. Македонскиот репрезентативец имаше неколку значајни интервенции, од кои една во самата завршница со која го спаси својот тим од пораз.

Во судиското надополнување, поточно во 92. минута, македонскиот голман со атрактивна реакција го запре ударот на Пабло Гарсија и спречи нова домашна радост за 3-2.

Дел од навивачите на Валенсија му замеруваат за реакцијата при вториот примен гол, но токму оваа интервенција е потсетник дека, и покрај критиките, Димитриевски имаше сериозен придонес во освоениот бод на Валенсија.