ВИДЕО: Лил запиша минимална победа на тешкото гостување кај Лион

Екипата на Лил славеше во дербито на 15. коло од францускиот шампионатот, откако на гостувањето кај Лион со еден гол дојде до три бода (0-1). По еден тврд меч без многу шанси и ризици, Лил ја искористи единствената вистинска шанса и дојде до важни три бода. Тие се искачија на четвртата позиција од табелата, на бод заостанување зад Бордо, кој го држи последното место кое носи елитен фудбал догодина. 

Натпреварот се играше изедначено и двете екипи беа резервирани. Првиот дел мина без многу возбудувања и шанси. По паузата Лион реши да нападне и да го притисне противникот. Сепак, тоа не вроди со плод, бидејќи и покрај доминацијата на домаќините, Лил стигна до предност. 

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот се играше изедначено и двете екипи беа резервирани. Првиот дел мина без многу возбудувања и шанси. По паузата Лион реши да нападне и да го притисне противникот. Сепак, тоа не вроди со плод бидејќи и покрај доминацијата на домаќините, Лил стигна до предност. 

Во 68. минута по една полуконтра, Осмихен го проигра Иконе по средината, офанзивниот играч за врска ги мина одбранбените играчи и биеше од пеналтикот во долниот лев агол за водство на гостите (0-1). До крајот на средбата на „Олимпик Парк", домашната екипа немаше сили да се врати и бодовите ги освои Лил. 

За само три дена Лил ќе биде домаќин на Брест, но фокусот со сигурност ќе биде на одлучувачкиот дуел од Лигата на шампионите за седум дена во Лондон кај Челзи. Речиси идентична е ситуацијата кај Лион, кој за три дена гостува кај Ним, а за седум дена игра дома против РБ Лајпциг