Лил за една година ги продаде тројцата напаѓачи за 174 милиони евра!

Трансферот на Виктор Осимен во Наполи со вредност од 71,2 милиони евра, што може да порасне на 81,2 милиони, е продолжение на неверојатните деловни потези на лидерите на Лил. Спортскиот сектор на овој француски клуб има исклучителна можност да пронајде таленти и да остварува големи профити.

Лил заработи 174 милиони евра за само 12 месеци од продажбата на тројцата напаѓачи. Минатото лето, Никола Пепе премина од Лил во Арсенал за 80 милиони, а Рафаел Леао во Милан за 23 милиони евра. Покрај овие двајца, дефанзивниот играч од средниот ред, Тиаго Мендеш беше продаден во Лион за 22 милиони. Пепе беше купен во 2017 година од Анжер за десет милиони, Леао дојде како слободен агент од Спортинг Лисабон, а Осимен беше доведен од Шарлоа минатата година за 14 милиони.

Нето заработка за тројца млади напаѓачи од 150 милиони евра, а сумата може да достигне до 159 милиони, ако се исполнат бонусите за Осимен. Не треба да заборавиме дека Лил беше отскочна даска за Еден Азар, Дивок Ориги, Жервињо...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.