ВИДЕО: Лил за 20 минути гo среди Каен за 11-та победа во Лига 1 

Фудбалерите на Лил го оставија зад себе тешкиот пораз од Тулуз од претходното коло и вечерва им се вратија на успесите во француската Лига 1, откако од гостувањето кај Каен се враќаат со сигурна победа од 1-3 (0-2).

Некогашниот редовен учесник во Лигата на шампионите новите три бода ги обезбеди уште во првите 20 минути, откако офанзивната игра ја крунисаа со два ефектни гола. Резултатот го отвори Пепе во осмата минута, додека кон средината на првиот дел погоди Леон за комотни 0-2, резултат со кој се замина на одмор.

Стартот на вториот дел не ветуваше нови возбудувања пред двата гола, но откако Лил остана без Челик, кој заработи црвен картон, темпото на игра живна и во последните две минути беа постигнати уште два гола. Првиот за 0-3, откако прецизен беше Луиз, додека конечните 1-3 ги постави Нинга во 95. минута. 

Со оваа победа, која е 11-та овосезонска, Лил се зацврсти на втората позиција на табелата со 37 бода, десет помалку од лидерот ПСЖ. Во следното коло Лил го очекува дуел против Амиенс, додека Каен пред своите гледачи ќе се судри со Олимпик Марсеј