ВИДЕО: Лил си поигра со Ленс и одново го освои врвот во Франција

Лил

Нов лидер во Лига 1 по седум одиграни кола е екипата на Лил која вечерва лесно се справи со Ленс на домашен терен (4-0).

Олеснителна околност за домаќинот беа двата црвени картони на противникот. Градит и Мичелин ја оставија гостинската екипа на цедило, кој до крајот се бореше да прими што е можно помалку погодоци.

  • Лил - Ленс 4-0:

Серијата голови за Лил ја отвори Јилмаз кој стигна до топката на подалечната статива и погоди за 1-0. На самиот старт од второто полувреме Бамба искористи една дупка во одбраната на Ленс и ја зголеми предноста. Потоа следуваше исклучување на Градит кој спречи контра и заработи втор жолт картон. Бројчаната предноста прв ја искористи Иконе, а само шест минути подоцна Мичелин стартуваше неспортски и заслужено го заврши натпреварот. Тоа значително ја олесни работата за домашните фудбалери кои ставија точка на мечот преку Јазици.

Монако на Нико Ковач се сопна на домашен терен против Монпелје (1-1), а домашна победа запиша Нант против Брест (3-1) и Ница на гостувањето кај Сент-Етјен (1-3). 

  • Монако - Монпелје 1-1: 

  • Нант - Брест 3-1: 

  • Сент-Етјен - Ница 1-3: 

Лил е нов лидер на табелата и е еден од двата тима, заедно со Рен, кои се без пораз на стартот од француското првенство.