• Саше Љолес
Екипата на Лил се избори за победа на гостувањето кај Нант (0-2) во натпреварот од осмото коло на француската Лига 1, и до следното коло ќе остане на шестата позиција на табелата.
Гостинскиот тим ги завери бодовите со погодоците на Хакон Харалдсон и Хамза Игамане. Екипата на Нант трипати се обиде во рамките на голот, но не успеа да дојде ниту до почесен погодок.
Лил сега има 14 бода и во следното коло ќе го пречека Мец, додека Нант е на првата позиција над опасната зона, со вкупно шест освоени бодови.







